Лавовите живеат подобро ако се покрај речни сливови
Четириесет и петгодишна студија за лавовите во Танзанија откри дека стадата кои имаат најдобар успех во размножувањето имаат територии блиску до речни устија.
Од сите 36 видови диви мачки, лавот е единствениот кој живее во социјални групи познати како стада. Што посебно ги натерало лавовите да живеат така, и какво влијание може да има ова врз нивната иднина?

Бројот на лавовите во светот во моментов изнесува помеѓу 25.000 и 40.000.
За подобро разбирање на нивниот уникатен начин на живот, професорот Крег Пакер и неговиот тим во поминаа децении во Серенгети проектот за лавови во Танзанија, истражувајќи ги лавовите до неверојатни детали.
Кога професорот Пакер започна со неговата мисија во 1978 година, тој сметаше дека нема да му треба повеќе од три години за да стигне до некои заклучоци, но тој откри дека лавовите се врвно способни да не прават ништо.

„Открив дека истражувањето на лавовите е помалку возбудливо отколку што очекував - часови и часови здодевност од време на време размрдани од уште подлабока здодевност, чекајќи мрзеливите ѕверови да направат нешто“, рече тој.
Тимот опстана, трошејќи часови по полињата и снимајќи движења на 28 стада, и сега имаат податоци за повеќе од 5000 лавови.
Тие беа еден од првите проекти за истражување на животните кои ја користеа техниката на ДНК отпечатоци од шепите кај дивите животни за да ги разберат односите во стадото. Имаа и лажни кукли на лавови во природна големина кои беа користени со вистинските лавови за подобро да разберат како лавовите ги гледаат манирите на другите лавови.

Истражувајќи ја еволуцијата на социјалната структура на лавовите во такви детали, Пакер и неговиот тим мораа поблиску да се загледаат во многуте теории за овој животен стил за кој се зборува многу години наназад, како што е заедничкото ловење, заедничкото одгледување малечки и одбраната на младите од надворешни напади.
Додека тоа изгледаат како можеби интересни теории, при поблиско загледување тимот откри дека тоа не се движечките сили во еволуцијата на социјалниот живот кај лавовите.
Сега тимот во Серенгети проектот за лавови веруваат дека можеби конечно го нашле одговорот.
Употребувајќи опширни податоци за лавовите во Серенгети и со мапирање на успешното размножување во пределот каде што живее стадото, тимот откри дека крдата кои имаат највисок репродуктивен успех држат територии во многу специфични области во националниот парк.

Териториите се центрирани во области каде реките се спојуваат, во устија, што на лавовите кои живеат таму им дава предност.
Овие области имаат пристап до вода преку целата година, имаат сенки и добри места за стапици при лов.
Такви вредни области бараат добра одбрана обезбедена од стадото.
Стадата лавови на територии без речни устија имаат помал репродуктивен успех, стадата се помали и имаат тенденција да исчезнат по 10 години заедништво.
Дали околината во која живеат лавовите може да биде одговорна за нивниот социјален начин на живот?
Конечно, со употреба на компјутерски модел истражувачите погледна во тоа каков ефект би имал пределот со широко различни области за потенцијален репродуктивен успех кај лавовите и дали тоа влијае врз ефективноста и социјалноста кај стадата.
Резултатите зборуваат сами за себе.
Во областите каде имаше обележени различности во „вредност“ на територии во смисла на репродукција, да се биде социјален беше добра стратегија.

Територијата беше толку добра што не беше неопходно за индивидуалниот успех на размножување лавовите да бидат дел од стадото, додека пак структурата на стадото создаваше предност во бранење на територијата од натрапниците.
Ова е одлично парче од истражувањето и открива колку се важни специфичните области од хабитатот за успехот на стадото лавови, но и за бројноста на лавовите воопшто.
Како врвни предатори, можеби не е за изненадување тоа што областите каде лавовите најдобро успеваат и што води до еволуција на нивната социјалност се исто така области по кои копнеат и луѓето.
И затоа професорот Пакер и други с се повеќе загрижени за овие икони во светот на мачките.
Тој рече: „Често се изненадувам дека некако очекуваме од Африка да го поднесе бремето на животот со навистина тешките услови... мене ми изгледа дека е тоа одговорност на светот. Ако лавовите исчезнат, тоа е одговорност на сите нас... тие се дел од сета наша историја“.
Истата загриженост ги покрена Роден слободно и другите движења за иницирање иставање на лавот од листата на „повредливи врсти“ и нивно ставање како загрозени врсти на листата во Законот за загрозени врсти, подигнувајќи ги на иста категорија како тигрите и снежните леопарди.
Ова е ситуација која пред 30 години изгледаше незамисливо.